,,Тастајте,, ги лекарите ако не сте добиле помош – повик од министерството


Министерството за здравство ги повика граѓаните да се јават и да пријават ако не добиле здраствена заштита, особено оние со малигни, но и други потешки заболувања.

Сите на на кои им е откажана операција поради штрајкот, да не известат – стои во повикот од министерството за здравство. Пријавувањето е на 02/3123-009 и 076/445-818

Министерот Никола Тодоров пак во пет дневни весници го огласи својот говор од вчерашната прес-конференција. Ако се погледнат ценовниците на весниците на нивните интернет-страни, Тодоров за објава на своето обраќање закупил простор за што платил вкупно 2585 евра, пари од буџетот на Министерството. Министерот вчера во долгиот говор штрајкот го нарече политичка манипулација, информира телевизија Алфа.

Огромен број лекари денеска во бели мантили протестираа и бараа оставка или извинување од министерот Тодоров. Имаме стаж, повеќе отколку министерот години, коментираа тие, повикувајќи го да престане да ја девалвира нивната професија.

Штрајкот на специјалистите го подржаа нивните колеги од општа медицина, а поддршка стигна и од синдикатот на новинарите како и 15-тина здруженија на пациенти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1