Крис Палиаре, кој има македонско потекло и кој работи како адвокат во Торонто се најде на листата на магазинот „Торонтолајф“ составена од 50 највлијателни лица во земјата.
Палиаре е истакнат адвокат и основач на адвокатската канцеларија Палиаре Роланд Росенберг Ротштај во Торонто. Обединетата македонска дијаспора соопшти дека Палиаре досега одработил илјадници часови бесплатно работејќи на интернационални случаи, меѓу кои и застапувајќи ги правата на Македонците, особено на оние во Грција.










