Шукри Алија, посочен како идеoлог на петкратното убиство кај Смиљковското езеро е екстрадиран од Косово во Македонија.
Уапсен е на Косово по претходна потерница од Интерпол поради изречена затворска казна од три години од Основниот суд 1 во Скопје. Поради случајот во скопско Кондово, во 2005 година кога беа брутално претепани пет скопски имами,МВР, потврди дека Алиу во моментов е сместен во истражен затвор.
Алиу е познат како екстремен исламски радикал
Како што пренесува Нет прес од МВР велат дека засега немаат директни докази кои го поврзуваат Алија со случајот “Монструм“ но ќе се разгледуваат сите информации.
“Засега немаме докази со кои можеме директно да го поврземе со случајот ’Монструм’ истиот не фигурира во кривичната пријава која што е поднесена од МВР. Сепак според оперативните сознанија со кои располага истиот е еден од најголемите идеолози и промотори на радикалниот ислам и не можеме да ја исклучиме можноста дека лицето кое денеска беше преземено од косовските власти е ментор и иделог на осомничените во случајот ’Монструм’“, вели Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност при МВР.