Во местото Мишевиќи, во близина на Хаџиќ откриена е нова масовна гробница во која се претпоставува дека се закопани Бошњаци убиени во 1992 година.
На местото присуствуваат семејствата на убиените а есхумацијата ја раководи Обвинителството на БиХ.
Масовната гробница се наоѓа покрај пат, на неколку стотина метри од населбата, а посмртните останки се пронајдени на длабочина од 30 сантиметри.









