ДЗСИ: Лекарите кои штрајкуваат може да бидат избркани од работа!


Лекарите што штрајкуваат, а одбијат да примаат итни пациенти може да бидат избркани од работа, велат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

– Веднаш се поднесени решенија, најдоцна во рок од три дена да се преземат мерки од страна на директорот за вршење на операции на лицата болни од најтешките болести, а доколку докторот одбие да ја изврши наредбата на директорот тој има можност да поведе дисциплинска постапка согласно член 287 став 4 од законот за здравствена заштита и за тоа веднаш да го информира државниот здравствен санитарен инспекторат. Исто така државниот здравствен санитарен инспекторат ќе покрене прекршочна постапка против здравствениот работник кој ќе одбија да изврши здравствена услуга на пациент од малигни заболувања, соопштија од здравствениот санитарен инспекторат.

По дводневните вонредни контроли на клиниките кои штрајкуваат, инспекторите констатирале дека во повеќе случаи се враќале пациенти без образложение.

 

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1