Според информациите пожарот избил утрово во главната зграда на Главниот штаб на АРМ, во секторот за финансии, дознава МКД.МК од извори во Министерството за одбрана. Пожарот бил на 6 кат од зградата, и тоа во собата на главната благајна.
Според МКД.МК токму таму се чуваат сите документи за исплати и уплати врз основа на аванси, дневници за учество во странски мисии, каде што се сите податоци за планираниот и потрошен буџет на МО, каде што ги има сите каса–прими и други трансакциски финансии на МО, сите потврди на вработените во Министерството за нивните барања за кредити по банките и потврди за напишаните висини за нивните плати при аплицирањето.
Некои од нив се означени како „строго доверливи“, а некои од нив како „државна тајна“, информира мкд.мк.
Според изворите, пожарот настанал со пламнување на паркетот во собата во која се наоѓа главниот сеф. Ниту МВР ни МО денеска не се огласиле со официјална информација за случајот.
Извор МКД.МК