Владата на Украина наседна на измама на шпански инструктор по скиање кој им подметнал договор за градење наводен терминал за плин.
Човекот се преставил дека е од фирмата „Гас Натуарл Феноса“ требало да гради терминал за плин во близина на Одеса, вреден 1,1 милијарди евра
Владата попмпезно го најавила проектот, а и потпишувањето на договорот било свечено. Присуствувале украинскиот премир Никола Азаров и министерот за енергетика Јури Бојо, а големата свеченост се пренесувала и на телевизија.
Неколку часа по потпишувањето се јавила шпанската фабрика, зачудена каков тоа договор потпишале. Рекле дека никогаш не чуле за лицето и не е нивен ниту преставник ниту вработен.
Покрената е истрага и откриено е дека зад сето тоа стои измамник, кој со години лажно се претставувал. Станува збор за Хорди Сарди Бонвехи (43) инструктор по скијање, од Барселона.
Новинарите го добиле на телефон кој им изјавил дека точно дека немал овластување од фабриката но се надевал дека откако ќе видат дека се е готово дека ќе се вклучат во проекетот.