Сообраќајка во Прилеп – се судрија автобус и автомобил (Фото)


Иако деновиве на медиумите постојано се говореше дека градските власти се комплетно подготвени за зимата сепак снегот кој денеска паѓаше во прилепско зададе потешкотии во сообраќајот како низ градските улици така и на излезите од градот. На излезот од Прилеп кон Скопје се случи потешка сообраќајна несреќа на возило марка фиат купе и автобус.

Возачот на автомобилот поради лизгавиот коловоз ја изгубил контролата на возилото и директно удрил во автобусот.

За среќа нема повредени но ова е само еден знак дека уште при првиот снег институциите задолжни за чистење на патиштата не успеаа навремено да реагираат и да ги спречат ваквите немили настани.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1