Кои намирници колку време можете да ги чувате во фрижидер


Складирањето на храната во фрижидерот помага таа да не се расипува брзо, но ставено во фрижидер не значи дека ќе биде исправно и здраво до недоглед. Разгледајте ја внимателно оваа листа, можеби ќе ви помогне да заштедите пари и ќе се олесните во подготовката на одредени оброци.

А сигурно ќе ви помогне да знаете што колку трае како би избегнале компликации од јадењето расипана храна.

Неотворено пакување на сирење : шест месеци
Маслинки: еден до три месеци
Свежи јајца: три до пет недели
Кисели краставички: еден месец
Готвена сланина: една недела
Тврдо варени јајца: една недела
Тесто за леб: три до четири дена
Готвена риба: три до четири дена
Пире од компир: три до четири дена
Супа и чорба: два до четири дена
Овошна пита: два до три дена
Свежо пиле: еден до два дена
Отворено шише вино: еден до два дена

Извор – Кукурику

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1