Да даде Господ Скопје да не влезе во ЕУ – се молел грчкиот митрополит


Солунскиот митрополит Антимос на вчерашната богосолужба, побарал од Бога да не и се даде можност на Македонија да ги почне преговорите.

Освен тоа тој пред верниците раскажувал дека децата во Македонија се учат да ракуваат со оружје против Грција, јави дописникот на Канал 5 од Грција.

,, Да даде Господ утре и задутре на овие разговори што ќе се случат под претседавањето на господинот Штефан Фуле и со претставниците на државите од Европската Унија да не се даде таква можност на Скопје да почнат преговори под ФИРОМ за да влезат во Европската Унија – изјавил Антимос.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1