Холанѓанецот Јохан Хуиберс, пред 20 години сонувал дека се поплавува цела Холандија. Побожен одлучил да ја изгради арката на Ное и тоа со исти димензии како што е опишана во Библијата.
По 20 години арката е готова, потполно е функционална и прима посетители. Јохан вели ова нема врска со крајот на светот туку сакал да им покаже на луѓето дека бог постои.
Јохан е градежен работник и самиот работел на арката деноноќно, ја вкотвил во градот Дордрехт, јужно од Ротердам.
Иако арката не е доволно голема за да собере по два примерока од сите животински видови на Земјата, и во оваа арка има животни. Има живи животни, кои не бараат премногу труд околу нив како пони коњите, кучињата, овците, зајаци и егзотични птици, но има и многу пластични жирафи, бизони, горили, лавови, тигри, мечки.
Бродот на Јохан дури има и свој финкционален систем за собирање вода од дождовница, има и ресторан, кино и насекаде се прикажани сцени од животот на Ное.
Арката дури има и механизам за пакување храна која би можела да трае долго.
Вели дека не верува во пророштвото на Маите за крајот на светот и дека цела земја ќе е поплавена, а со неговата арка сака да ги натера луѓето да размислат за својата цел на Земјата. Хуиберс сега размислува во кое следно пристаниште би можел да отплови со својата арка.