Во иднина комерцијалните летови ќе изгледаат сосема поинаку како резултат на напорната работа на аероинжењерите и дизајнерите кои ги претставија новите типови на авиони, со цел да ги направат побрзи, по ефикасни и поеколошк.
Делта форс
Корпорацијата „анортоп Груман“ смисли летачко крило на кое моторите ќе бидат поставени на горната страна, со цел што повеќе да се ублажи звукот кој што го произведуваат.
Високолетач
Еден од предложените модели настанати во соработка со НАСА и Боинг би требало да изгледа вака, а неговите предности се малата потрошувачка на гориво, намалено загадување и бучава.
„Дебел“
N3 – X, најновото „милениче“ на НАСА, спаѓа во хибридни авиони, а во воздух се движи со целата површина, поради што крилата му се помали во однос на „Дебел“. На тој начин се намалува потрошувачката на гориви, како и должината на пистата за полетување.
Дабл бабл
Уште еден од моделите со широк труп MIT D8 има само една мана која нема да ви се допадне, а тоа е малиот број на прозори во однос на бројот на седишта, што може да предизвика чувство на клаустофобија.
Двојно забрзување
НАСА го осмисли моделот „Амелија“ како хибриден авион, на кој крилата изгледаат како да „израстуваат“ директно од трупот, што би требало да овозможи поудобно летање на поголеми висини.
Во кутија
Крила во облик на кутија за дијамант, како на овој модел од компанијата „Локхид Мартин“ и НАСА, сега се дозволени за употреба и во пракса благодарение на ултра лесните влакна кои се зајакнати со композитни материјали.
Подигни ме
Моделот на Боинг „Сугар Волт“ го окарактеризираат долги крила, но најрадикална карактеристика му е тоа што има хибридни електрични мотори.
Шок тест
„Ербас ВолтЕр“ внесува сосема нова димензија на електрични мотори, со своите пропелери кои се напојуваат исклучиво со помош на батерии.
Суперсоник
Враќањето на суперсоничните летови може да се оствари со помош на аеродинамичниот облик на леталото.
Во две насоки
Овој суперсоничен авион во облик на шурикен би можел да лета во два правци, а при ротација од 90 степени преминува со суперсонична брзина.