Арсенал заработува на сметка на навивачите



Управата на Арсенал ги одреди цените за влезниците за дерби натпреварите на Емирати, а сумата предизвика револт меѓу навивачите на „топџиите“.

За натпреварите од А категорија против градските ривали Тотенхем и Челзи што ќе се играат за време на Божиќ, цената на билетите изнесува 62 фунти што е зголемување за 23 отсто во однос на минатата сезона. Симпатизерите на лондонскиот клуб за најдобрите места на овие два натпревара ќе издвојат дури 126 фунти додека цената за најефтините влезници изнесува 25,50 фунти. Високите цени за билетите се обиде да ги објасни извршниот директор на „топџиите“, Иван Газидис.
„Постојано се трудиме да го најдеме балансот за цените на билетите, но истовремено да обезбедиме и средства за инвестиции во тимот“, изјави Газидис.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1