Жива ја погребал ќерка си бидејки се родила со деформитет



Пакистански маж уапсен e под сомневање дека жива си ја закопал штотуку родената ќерка бидејќи била родена со физички деформитети, пренесуваат странските медиуми.

Оваа бизарна случка ги отсликува понекогаш екстремните предрасуди кон децата во Пакистан, посебно девојчињата родени со деформитети.

Според тамошните верувања ваквите случаи претставуваат срам за семејството, особено во посиромашните делови.
Полицискиот службеник во провинцијата Пенџаб, Мохамед Анвар рекол дека детето било родено во четвртокот. Таткото во својата изјава тврдел дека девојчето било родено мртво.

– Детето на погребот заплакало, а свештеникот му рекол на таткото да го однесе девојчето во болница, но наместо тоа живо го закопало, рекол Анвар.
Полицијата набрзо дошла во неговиот дом и го уапсила.

Докторите изјавиле дека  девојчето било родено живо и здраво, но имало необични црти на лицето и поголема глава

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1