Трафостаницата во Ѓорче експлодирала додека работеле работниците


Силна експлозија, густ, црн чад ги вознемири вчера вечерта жителите на населбата Ѓорче Петров во Скопје.

Експлодирала и се опожарила трафостаница н ЕВН. Од компанијата потврдија дека синиќа околу 22 часот овој дел од градот останал без електрична енергија и екипи биле пратени да го отстранат дефектот. Околу 23 часот додека двајцата вработени работеле на трафостаницата, од засега непознати причини дошло со силна експлозија која ги зафатила и вработените. Сепак благодарение на заштитната опрема која ја носат вработените тие не се повредени.

Според информациите од ЕВН едниот од нив веднаш заминал и на друга интервенција, бидејќи има многу дефекти во градот, а другиот кои имал оштетувања на опремата која била опожарена заминал во централата. Ниту еден од нив нема повреди.

Како што информиравме доцна синоќа експлозијата била во трафостаница која се наоѓа во непосредна близина на полициската станица. Поради експлозијата целата улица ,,Шидска,, нема струја од доцна синоќа. ЕВН работи на повторно воспоставување на трафостаницата и на начин како да им обезбеди електрична енергија на жителите во овој дел од градот.

Експлозија до полициската станица во Ѓорче Петров

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1