Откако во еден допис кој беше испратенод Northern NSW Local Health District било посочено дека зборот „друже“ е несоодветен, здравствените работници од Нов Јужен велс не смеат да го користат поради тоа што се смета за непочитување и непрофесионалност.
Други споменати несоодветни термини се: „мило“, „срцка“ и „душо“.
„Користењето на ваков јазик на работно место е несоодветно и може да се сфати како непочитување, омаловажување и непрофесионалност“ – се вели во дописот.
„Ваквиот јазик не треба да се користи помеѓу вработените или помеѓу вработен и пациент.“
Џејмс Шпигелман даде одговор на контроверзниот допис обраќајќи и се на Австралијанската Комисија за Човекови Права за слобода на говор.
Тој вели дека Австралија не смее да си дозволува да го напаѓа правото на слободен говор.
„Слободата да се навреди е интегрален дел од слободата на говор. Не постои право да не биде навреден.“ – вели тој.
„Зборови како „навреда“ го повредуваат правото на слободен говор повеќе отколку зборовите како што се „понижува“. „уништува“, „заплашува“, “поттикнува непријателство“ или „омраза“ и „презир“.“
„Ниту еден од Австралиските меѓународни договорни обврски не бара од нас да заштитуваме било кој од навреди. Но сме обврзани да го штитиме правото на слободен говор.“