Најден фосил стар 425 милиони години


Научниците неодамна пронајдоа уникатни фосили на суштество, потполно нови за науката, за кои се верува дека се стари 425 милиони години. Фосилите вклучуваат остатоци од школки, месо, екстремитети, очи и дигестивниот систем на суштества слични на ракчиња.


fosil Bice-staro-425-miliona-godina

Два специјални фосили ископани во Хирфордшир се во одлична состојба благодарение на фактот што биле прекриени со вулкански пепел во времето кога во Велика Британија имало суптропска клима.
„Двата примероци на „ostracodes“ кои ги откривме претставуваат нов род и вид на науката, а ние ги викаме „polin avibella“. Родот беше именуван во чест на блиска личност, а „avibela“ значи убава птица, поради тоа што изгледа како крило од птица“, вели професорот Дејвид Сиветер од Универзитетот во Листер.

Ostracodes се најбројните фосили на антроподи кои се појавуваат на целата планета во карпите во последните 490 милиони години, а денеска се наоѓаат во повеќето водени средини.
Научниците објаснуваат дека ова е значајно откритие, бидејќи таа е една од ретките во кој се сочувани меките ткива на овие суштества. Еден сантиметар долгите фосили биле реконструирани со помош на техника со кастрење на примероците слој по слој и фотографирање на секоја фаза.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1