По информација дека во црквата има бомба, евакуирана е црква во која се одржувала богослужба посветена на жртвите од нападот. Во неа вечерва требало да пристигне претседателот на САД Барак Обама.
Како што пренесува CNN, верниците набрзина ја напуштиле црквата тврдејќи дека добиле закана за бомба поставена во близина на училиштето во кое во петокот беа убиени 27 луѓе.
Десетици полицајци во маскирни униформи веднаш пристигнале на самото место, а потоа ја опколиле и соседната зграда.
Полицијата засега не дава подетални информации. Во масакарот во Њутаун во петокот во основното училиште загинаа 20 дечиња и седум возрасни.