На декларациите на прехранбрените производи ги кријат отровите кои не трујат


Поедини производители на прехранбрени производи ги прикриваат податоците за здраствените и нутритивните вредности на намирниците обидувајќи се да ги прикријат, односно да ги напишат на непристапни места, на ивицата на производот, или да ги напишат со ситни букви со иста боја како и амбалажата.

Deklaracija02-500x304Производувачите често на своите производи ги претставуваат користејќи стручни изрази и користејќи дупки во правилниците, кои им овозможуваат на своите намирници лажно да бидат рекламирани, како на пример дека се без шеќер или масти.

Тоа што се без шеќер не значи дека намирниците не содржат шеќер. Тоа само значи дека нема додатни шеќери, а може да има природен шеќер или шеќер во друга форма, како на пример фруктозата. На декларациите на шеќерот во светот, се смета само белиот.

Голем дел од потрошувачите не ја увидуваат разликата меѓу здрастветана и нутритивната изјава на етикетата на производот, па оттука многу често истите се во заблуда купувајќи производ за кој се верува дека претставува извор на здравје. На овој начин им се одвлекува вниманието на потрошувачите со употреба на намирниците кои имаат докажано поволни дејствија.

Здраствената изјава која вели дека овој производ го лечи високиот крвен притисок, или ја регулира телесната маса, или пак ветува дека кожата ќе ви биде поубава, всушност и не мора да биде вистинит. Точноста на податоците на пишаното на амбалажите треба да е регулирано со правилник во исправноста, но голем дел од производителите наоѓаат дупки во истиот и ги заобколуваат. Таков беше случајот со фалс верзии на српскиот шампон Косили кои откако веќе беше пуштен во продажба, се покажа всушност дека има штетно дејство.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1