Шариќ понудил 10,000,000 евра за ликвидација на Тадиќ и Дачиќ


Брутална освета нарачана од Јужна Африка

Прочуениот нарко-бос Дарко Шариќ понудил, 10 милиони евра за убиство на шестмината најголеми државни функционери, кои пак најавија крај на неговата нарко империја.

На оваа листа се наоѓаат поранепниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, неговиот шеф на кабинет и претседател на Бирото за кординација и Совет за национална безбедност Миодраг Ракиќ, министерот за внатрешни работи и мандатар за составот на новата влада Ивица Дачиќ, шеф на БИА Саша Вукадиновиќ, тужителот за борба против организираниот криминал Миљко Радисављевиќ и министерката за правда Снежана Маловиќ.

Веста пристигна од најдобрите европски разнузнавачки служби и содржината на пораката не е доведена во прашање, а со истата е запознаен и новиот претседател на Србија Томислав Николиќ и неговиот кабинет. Во истиот кабинет во повеќе наврати е изјавено дека однапред предупредувале на сериозна опасност која му се заканува на Тадиќ и луѓето кои што во минатата влада се бореле против организираниот криминал.

„Покрената е истрага, а деталите и информациите кои што ги добивме засега не можеме да ги откриеме. Единствено можеме да соопштиме дека до нив дојдовме од наши извори“, пишува во соопштението испратено до јавноста од кабинетот на новиот претседател во кое уште се наведува дека Николиќ нема да дозволи да биде загрозена безбедноста ниту на Тадиќ ниту на луѓето кои што работеле во неговиот тим за борбата против организираниот криминал.

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1