Берлускони сам си кажа – се верил со 50 години помладата девојка


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (76), познат по „бунга-бунга“ забавите и низата политички и сексуални скандали, објави дека се верил со неговата 50години помлада девојка, велејќи дека поради неа се чувствува „помалку осамено“.

berluskoni devojka1Тој во интервју во емисијата „Доменика во живо“, на Канал 5, телевизија во негова сопственост, изјавил дека се верил со 26-годишната Франческа Паскале.
– Конечно се чувствувам помалку осамен. Се верив со девојка од Наполи, еве официјално е, изјавил Берлускони.
-Таа има 27 години, живее според вистинските вредности, убава е однадвор, но уште поубава одвнатре. Многу сме блиски, таа многу ме сака, а и јас го чувствувам истот. Мојата ќерка Марина ја почитува и ја сака исто така, додал тој.

Берлускони има 5 деца од два брака. Со првата сопруга Карла Елвира Дал’оља, бил во брак од 1965 до 1985 година.
За неговата врска со Франческа се шушкаше веќе неколку месеци, а двојката неодамна беше и фотографирана на натпревар на фудбалскиот тим на Берлускони Милан.
Инаку, Франческа, која порано работела како продавачка е една од основачките на групата за поддршка на Берлускони „Силвио, ни недостигаш“.
Во Италија веќе ја нарекуваат „новата прва дама“, со оглед на тоа што Берлускони планира повторно да се кандидира за премиер на изборите во февруари 2013 година, доколку во трка не влезе актуелниот претседател на владата Марио Монти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1