Три сонца биле забележани над неколку кинески градови на 10 декември, освен сонцата над нив имало и виножито превртено.
Фотографиите од граѓани направија бум низ социјалните мрежи. Жител на Нантонг напишал дека бил сведок на овој спектакл, а според Yangtse Evening Post. На неговите фотографии јасно се видливи 3 сонца и превртеното виножито.
Фотографии се појавиле и од жители од Shanghai, Suzhou, Changzhou и Danyang
Метереолозите велат дека овој абнормален феномен е оптичка илузија создадена од ледени кристали кои создаваат обоени или бели лакови и дамки на небото.
Според нив помалите сонца се всушност сенки на вистинското сонце. Овој феномен траел само неколку минути а се случува само при ретки метереолошки услови. Светлината од сонцето минува низ ледените кристални облаци кои се во тропосферата, облаците мора да се доволно тенки за да пројде светлината и мора да се набљудува од посебен агол за да се види не е видливо одсекаде.