Вооружени лица во Триполи го киднапираа либискиот претседател на Олимпискиот комитет


На помалку од две недели пред одржувањето на Олимписките игри во Лондон киднапиран е Набил Елалем, претседател на либискиот олимписки комитет.

Според сведоците, Елалем со еден колега се возел во автомобилот, кога два автомобила со вооружени лица го принудиле да го запре автомобилот. Портпаролот на либискиот олимписки комитет изјави дека киднаперите се претставиле како припадници на Армијата и наводно од Елалем учтиво побарале да оди со нив додека неговиот колега го оставиле во автомобилот.

Се уште не се знае ниту каде е Елалем, ниту кој е мотивот за киднапирањето бидејќи од страна на киднаперите немало никакви барања. “Ние ги осудуваме ваквите случувања. Тоа се криминалци,а ваквата постапка е насочена против револуцијата. Ова не враќа назад во времето на Гадафи. Елалем никогаш и со никого немал никакви проблеми”, изјавил министерот за спорт Фети Тарбел за Ројтерс.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1