Конечно – Нови пижами за пациентите во болниците


Фала Богу – старите никакви и искинати, полни со дамки од крв, пижами по македонските болници конечно ќе се обновуваат.

Откако претходно пациентите му се пожалија на министерот, по направените теренски истражувања во здравствените установи, Тодоров донесе одлука министерството за здравство ќе обезбеди 5.500 парчиња пижами. Ваквата одлука тој ја соопшти на денешната пресконференција.

– Вредноста на набавката е проценета на пет милиони денари, но ќе видиме која цена ќе биде постигната на тендерот, рече Тодоров.

Според министерот на овој начин Министерството помага и во делот на текстилната индустрија во Македонија, а изрази и очекување дека најголем дел од македонските текстилни компании ќе учествуваат на тендеро. На тендерот не е ограничено ниту учеството на странските компании.
– Идејата е вакви активности Министерството да презема секои две, најмногу три години, за да може во овој дел да се подигне задоволството на пациентите кои престојуваат во болница, кои се хоспитализирани како болнички пациенти, посочи Тодоров.
Според него, ова се поситни мерки кои ги презема Министерството во насока на подобрување на перцепцијата, имиџот на здравството во целина.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1