Македонската фудбалска репрезентација за две места го подобри својот пласман на најновата рејтинг листа што денеска ја објави Светската фудбалска асоцијација – ФИФА.
На декемвриското рангирање „црвено-жолтите“ се наоѓаат на 81.то место, две места подобри од ноември и 23 позиции подобро од октомври.
Подобрувањето на пласманот на Македонија се должи на победата на пријателскиот натпревар со Словенија (3:2) одигран на 14 ноември во Скопје.
Од противниците на македонските фудбалери во квалификациската група за Светското првенство, најдобропласирана е Хрватска (10.место), Белгија е на 21.та позиција, Србија направи скок од четири места и сега е 42.ра, Шкотска е на 72.то место, а најслабопласиран е Велс кој се наоѓа на 82.та позиција.
Во првата десетка се: Шпанија, Германија, Аргентина, Италија, Колумбија, Англија, Португалија, Холандија, Русија и Хрватска.