![nasa1](https://mkd-news.com/wp-content/uploads/2012/12/nasa1-213x300.jpg)
– Бродот „Сојуз“ успешно без грешки испратен е во орбитата, соопшти Руската вселенска агенција Роскомос. Во вселенскиот брод се наоѓаат рускиот астронаут Роман Ромањенко, астронаут на НАСА – Томас Маршберн и астронаут од Канадската вселенска агенција Крис Хадфилд.
„Сојуз“ би требало да стигне до Меѓународната вселенска станица на 21 декември попладне, а Хадфилд на кого ова му е веќе трето патување во вселената, ќе ја преземе командата над леталото, како прв Канаѓанин на оваа позиција, стои на сајтот на НАСА.