Македонија ќе влезе во 2013 година од 81. место на листата на ФИФА


Македонската фудбалска репрезентација за две места го подобри својот пласман на најновата рејтинг листа што денеска ја објави Светската фудбалска асоцијација – ФИФА.

fifa_logoНа декемвриското рангирање „црвено-жолтите“ се наоѓаат на 81.то место, две места подобри од ноември и 23 позиции подобро од октомври.

Подобрувањето на пласманот на Македонија се должи на победата на пријателскиот натпревар со Словенија (3:2) одигран на 14 ноември во Скопје.

Од противниците на македонските фудбалери во квалификациската група за Светското првенство, најдобропласирана е Хрватска (10.место), Белгија е на 21.та позиција, Србија направи скок од четири места и сега е 42.ра, Шкотска е на 72.то место, а најслабопласиран е Велс кој се наоѓа на 82.та позиција.

Во првата десетка се: Шпанија, Германија, Аргентина, Италија, Колумбија, Англија, Португалија, Холандија, Русија и Хрватска.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1