Најголемиот ланец на супермаркети од САД, Волмарт е во преговори да купи мнозинскиот удел од турската компанија Мигрос која се јавува како сопственик на ланецот супермаркети Рамстор
Како што пишува Скопје инфо, зделката се проценува над 4 милијарди долари.
Мигрос има 888 супермаркети, хипермаркети и дисконтни продавници во Турција, но и продавници во Азербејџан, Казахстан и Киргизистан, како и во Македонија, а компанијата според податоците од пред 4 години, вработува 14.800 лица.
Во моментов Рамстор има мрежа на 7 супермаркети во Македонија, од кои 3 во Скопје, 3 во Тетово и еден во Струга.
Скопје Инфо