Крис Мун ги загубил десната рака и нога во експлозија за време на надгледувањето на процесот на деминирање во Мозамбик во 1995 година, но само една година по несреќата, решил да учествува во лондонскиот маратон.
Во исто време, неговата кариера тргна во многу невообичаена насока. Тој стана мотивациски говорник.
Но, тоа сепак не му беше доволно возбудливо па неодамна реши да се пријави на еден од најтешките маратони во светот – маратонот „Бедвотер“ во Калифорнија, долг дури 217 километри. Крис ќе стане првиот човек со ампутирани екстремитети кој ќе учествува на ова немилосрдно натпреварување за кое се пријавиле околу 90 лица – од најдобри и најцврсти светски спортисти-тркачи и триатлонаци, па се до авантуристи планинари.
– Сакам да ги пребродам сите психолошки предизвиди кои луѓето често си ги поставуваат во главата. Не ме ослабнаа моите физички недостатоци, сега трчам многу повеќе и порешително отколку пред несреќата. Ме инспирираат многу работи. Ме инспирира самиот живот, затоа што тој нема смисол без аспирација, нагласува Мун.
Рутата на „Бедвотер“ низ фамозната Долина на смртта до палнината Витни, на температури кои достигнуваат и до 55 степени Целзиусови, ќе биде сигурно тежок предизвик за сите учесници.
Мун заработувачката од учеството во маратонот ќе ја донира на неколку добротворни акции.