Индија гневна по грозоморното силување на 23 годишна девојка во автобус.
Девојката и нејзиното момче биле претепани со челични шипки а потоа исфрлени од автобусот. овој случај ја разгневи Индија. народот бара да се заострат законите за заштита на жените.
според сегашните благи закони за силувачите жените во Индија се како ,,глинени патки,, велат демонстрантите.
Во протестите во Импала убиен е и ТВ новинар што дополнително ја разгори атмосферата и го прошири револтот. Демонстрантите бараат смртна казна за 6 силувачи.
Се протестираше на улиците на Њу Делхи, а демонстрантите се обидоа да го пробијат кордонот полицајци и да дојдат до претседателската палата но беа растерани со водени топови и солзавец.
Девојката е хоспитализиран, но морале да и бидат отстранети дел од цревата поради повредите кои ги добила при ѕверското изживување врз неа. Напаѓачите се уапсени, а народот бара да им биде пресудено по брза постапка.
Медиумите ги пренесуваат зборовите на 23 годишната студентка дека покрај тешките повреди – решена е да преживее.