Силувана 23 год девојка, убиен ТВ новинар – масовни протести во Индија (Видео)


indija

Индија гневна по грозоморното силување на 23 годишна девојка во автобус.

Девојката и нејзиното момче биле претепани со челични шипки а потоа исфрлени од автобусот. овој случај ја разгневи Индија. народот бара да се заострат законите за заштита на жените.

според сегашните благи закони за силувачите жените во Индија се како ,,глинени патки,, велат демонстрантите.

Во протестите во Импала убиен е и ТВ новинар што дополнително ја разгори атмосферата и го прошири револтот. Демонстрантите бараат смртна казна за 6 силувачи.

87720761550d4dfd965063245881311_368x242

Се протестираше на улиците на Њу Делхи, а демонстрантите се обидоа да го пробијат кордонот полицајци и да дојдат до претседателската палата но беа растерани со водени топови и солзавец.

Девојката е хоспитализиран, но морале да и бидат отстранети дел од цревата поради повредите кои ги добила при ѕверското изживување врз неа. Напаѓачите се уапсени, а народот бара да им биде пресудено по брза постапка.

Медиумите ги пренесуваат зборовите на 23 годишната студентка дека покрај тешките повреди – решена е да преживее.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1