Нов вид на гуштер долг повеќе од 6 метри живеел речните води, слични на денешните речни делфини. Нема потреба од паника, овој вид е одамна исчезнат.
Ова е прв откриен примерок од овој вид во Унгарија, се вели во истражувањето објавено на 19-ти декември во отворениот журнал PLOS ONE од страна на Часзло Макади од Унгарскиот Природно-Научен Музеј и колегите од Канадскиот Универзитет Алберта.
Овој вид живеел пред околу 84 милиони години, најголемите од нив достигнувале речиси 6 метри во должина, и припаѓаат на фамилијата наречена „мозасаури“, кои се смета дека биле џиновски гуштери слични на денешните Варани.
Пронајдените фосили покажуваат дека овие гуштери имале екстремитети вообичаени за гуптери, черепот им бил сличен на крокодилскиот, но опашката не била слична на ниеден досега познат член на фамилијата мозасури.
Фосилите биле пронајдени во отворените јами на ридовите Бакони, Западна Унгарија.