OВПМБ се заканува: Дачиќ, спремни сме повторно да земеме оружје и да ги браниме спомениците (Фото)


spomenikПоранешните припадници на расформираната ОВПМБ му се заканиле на премиерот Дачиќ со вооружен судир доколку Владата на Србија реши да го сруши споменикот во Прешево. Шефкет Хасани изјавил дека доколку некој го допре споменикот ОВПМБ во Прешево ќе се соочи со 500 подготвени војници тренирани од силите на западот!

Овие закани следат како одговор на премиерот на Србија Ивица Дачиќ кој изјавил дека Србија со сила ќе го отстрани споменикот на поранешните припадници на ОВПМБ, доколку тоа не го направат општинските власти во Прешево.

teroristi

– Ние како поранешни припадници и команданти на ОВПМБ поради европските интегративни процеси дадовме приоритет на дијалогот и на настојувањата проблемите да ги решаваме со разговори, со надеж да се сопре репресијата на Србија кон етничките Албанци во Прешево и Бујановац. Меѓутоа, поради постојаните провокации од страна на полицијата и поради заканувачките изјави на Дачиќ изгледа за Белград не се важни дијалогот и стабилноста на регионот, изјавил Ибиши.

Од друга страна Шефкет Хасани, познат како „Поет“ изјавил дека доколку некој се обиде да го допре споменикот на ОВПМБ во Прешево, Дачиќ ќе се соочи со 500 подготвени и добро тренирани војници од Запад.

Хасани ја повика Србија предност да се даде на дијалогот, со што би седнале на „преговарачки стол, а не во шума“!

 

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1