33 тони аквариум полн со ајкули експлодирал во време додека пред него стоеле посетители. Повредени се 15 лица.
Акварумот во Шангај, имал 15 сантиметри дебело стакло, што според истрагата било претенко. Бил поплавен и дел од трговскиот центар.
Меѓу 15 повредени има посетители, вработени и припадници на службеното обезбедување.
Повеќето од нив се здобиле со расекотини од стаклото. Во експлозијата угинале и 3 ајкули и десетина морски желки и помали риби што живееле во аквариумот .