Охрид преполн за Новогодишните празници – се е распродадено


Охридските хотели и ресторани преполни за новогодиѓната ноќ. Цените на хотелските аранжмани се од 99 до 160 евра, зависно од понудата, бројот ноќевања и категоријата на објектот.

ohridКако што и се предвидуваше, најбројни и овојпат за новогодишните празници ќе бидат гостите од соседните земји од Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Грција, кои традиционално го избираат Охрид за новогодишните празници поради потврдената добра забава. Во Охрид ќе има и домашни гости, но најголем број од нив оние кои имаат свои станови и куќи така што не се очекува позначајна заработка за приватните станоиздавачи и издавачи на соби.

Само дочекот на Новата година во хотелите ќе изнесува 30 евра од лице, иако во „Силекс“ има понуда од 1.200 денари за најлудата ноќ, со вклучени 300 денари за пијалок.
Тридневен аранжман на база полупансион во хотелот „Метропол“ чини 147 евра, со вклучен дочек и новогодишно мени. Истиот аранжман во „Инекс Горица“ чини 139 евра, во „Силекс“ 143 и во „Климетица“ 135 евра. Хотелот „Белведере“ нуди тридневен аранжман за 149 евра од лице, со тоа што вклучува свечени новогодишни вечери и за 31 декември и за 1 јануари. Во „Милениум“ велат дека издадени се речиси сите соби и апартмани. Гостите кои ќе престојуваат во овој хотел ќе пристигнат од Грција, Бугарија, Србија и Македонија. Цената на дводневниот аранжман е 99, а на тродневните 139 евра.

Во познатите охридски ресторани цените на дочекот со свечено новогодишно мени слични на минатогодишните. Во „Далга“ дочекот на новата година ќе изнесува 45 евра со богато мени и неограничен пијалок, односно 25 за втората вечер без пијалок. Ресторанот „Света Софија“ нуди богато новогодишно мени со аперитив за 25 евра, со доплата за пијалок, додека втората вечер на влез ќе се наплаќа консумација од 1.200 денари, што гостите ќе можат да ја потрошат по свој избор. Во рестораните „Белведере“ и „Билјанини извори“ дочекот на новата година ќе чини 40 евра со десет евра пијалок, додека вечерата на 1 јануари ќе чини 25 евра, од кои пет евра за пијалок.

Највеселата ноќ во „Објектиф“ ќе чини 600 денари со новогодишно мени, со доплата за пијалоците, додека во „Ликвид“ дискотеката „Парк“ дочекот ќе чини 990 денари, со консумација со три пијалоци и апетисани и овошје. Во ноќниот клуб „Хавана“ дочекот ќе чини 900 денари консумација со три пијалоци, додека во „Куба либре“ највеселата ноќ чини 50 евра, со богато мени на база шведска маса и неограничен пијалок.

Извор Алфа

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1