Непознат маж се разнесе во медицинскиот универзитет во украинскиот град Черновци, пренесоа руските медиуми.
Според првични информации, мажот ја активирал експлозивната направа што му била залепена на телото.
Во експлозијата загинал напаѓачот, а еден студент и еден професор биле ранети.
Според полицијата, извршителот е поранешен припадник на граничната војска, кој бил во конфликт со еден од професорите.
На местото на инцидентот е испратена истражна екипа.
Сите лица кои се наоѓале во зградата на медицинскиот универзитет, се евакуирани.
Mia