Лекарите во болницата во Сингапур, соопштиле дека се борат за животот на младата индијка која беше брутално силувана. Денеска се самоубила друга жртва на силување која иако неколку месеци се обидувала да пријави во полиција ништо не било превземено а таа била подложна на притисоци да се омажи за еден од силувачите.
Странските медиуми објавија дека се самоубила жртвата од автобусот, но се работи за сосема друга девојка. Девојката од автобусот е во многу тешка состојба, во кома е и има сериозни оштетувања на мозокот, велат лекарите.
Силуваната студентка во четвртокот била префрлена во болницата „Маунт Елизабет“ во Сингапур, а директорот на болницата д-р Келвин Лох изјавил дека девојката има и инфекција на градите и стомакот и дека цел тим лекарите се борат да ѝ го спасат животот.