Еден професор од Универзитетот во Грац, бара да се пресуди смртна казна за папата Бенедикт Шеснаесетти поради забраната за користење контрацепција .
Професорот по музика ова го напишал на веб страната на Универзитетот, а во текстот го обвинува папата за милиони смртни случаи од ХИВ/СИДА, кои имале секс без заштита. Универзитетот во Грац се огради од текстот, а дел од коментарите на текстот се повлечени.
Деканот на Универзитетот се извинува за оваа неочекувана реакција на професорот по музичка наука и реши да го суспендира професорот на некое време. Во меѓу време неговиот натпис е отстранет од веб страната.