Тоше Ѓ. (50) за влакно избегнал смрт откако неговиот автомобил застанал на пругата Велес- Битола. Автомобилот само сопрел, а возот се приближувал, тој успеал во последен момент да скокне и да излезе од автомобилот. Возот го разнел југото.
Според СВР Велес несреќата се случила во 8 часот на железничкиот премин во населбата Превалец, кога патничкиот воз од Скопје за Битола удрил во автомобил „југо“, со велешки регистарски таблички.
Од ЈП МЖ инфраструктура велат дека возачот не ги почитувал сообраќајните и светлосни знаци, кои соопштувале дека доаѓа воз. Железничкиот сообраќај од и кон Битола бил во прекин 150 минути.