Дополнителни концесии за хирургија, неврологија и офталмологија


Ќе се делат концесии за хирургија, неврологија и офталмологија. по согледувањето на резултатите од функционирањето на здравствената мрежа.

Секундарна хирургија во Вардарскиот регион, секундарна неврологија во Пелагонискиот и офталмолошка хирургија на ниво на цела држава. Со ова Владата оди чекор напред во реализација на проектот здравствена мрежа.
– Ќе се доделат концесии за вршење здравствени услуги од областа на хирургијата на секундарно ниво во Вардарскиот регион, за вршење здравствени услуги од областа на неврологијата на секундарно ниво во Пелагонискиот регион и за вршење здравствени услуги од областа на офталмолошката хирургија на ниво на Република Македонија, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Постапката за концесионирање ќе трае 120 дена почнувајќи од првата декада на август. Ќе се спроведе со отворен повик. Најповолниот понудувач ќе се бира според понудениот месечен износ за надомест, како и изведбените и функционалните барања кои вклучуваат квалитет, цена на работите и услугите, тековни трошоци, економска исплатливост во однос на трошоците.
„Цениме дека ќе има интерес и поради тоа што е добра можност и за остварување профит и вработување нови лица и за овозможување поголема достапност.  Првичните анализи покажуваат дека би требало да има интерес за конкурирање за концесиите“, рече портпаролот Ѓорѓиев.
Коцесијата ќе се додели  за период од 10 години, а треба да почне од 1 јануари 2013 година.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1