Одобрен лек против ХИВ



Америкаснката агенција за лекови и храна го одобри новиот лек „Truvada“ кој е наменет за превенција од ХИВ висрусот.

Ова претставува голем чекор во 30 годишната борба ротив вирусит кој предизвикува СИДА. Производителот на лекот Gilead Sciences од Калифорнија, изјавува дека овој лек е наменет за здрави личности кои се наоѓаат под голем ризик да заболат од овој вирус.
Со одобрување на овој лек, се одобрил и ХИВ тестот за самопроверка, што пак е многу значајно во борбата против понатамошното ширење на вирусот.
Овој лек е пуштен во продажба во Америка, меѓутоа, стои предупредување дека новиот лек „Truvada“ кој чини 14 000 долари, најверојатно нема да биде достапен за сите, особено не без здравствено осигуривање. Предност би имале оние кои се најзагрозени да се заразат од овој вирус, но постои можност лекот да не биде користен правилно па да го нема саканиот ефект.
На лекот стои предупредување, пред употребата, лицето да биде тестирано со што би се потврдило дека не е ХИВ позитвно, бидејќи оние ХИВ позиитивните би можеле да развијат отпорност кон лекот што би довело до потешкотии во лекувањето.

Како делува лекот?
Trvada помага да се блокира репликацијата на ХИВ вирусот. Една таблета од лекот Truvada содржи две главни супстанци, Emtricitabine кој претставува нуклеозиден аналог и Tenofovir disoproxil fumarate кој е нуклеотиден аналог.  Откако ќе навлезе во клетката, двете главни состојки на лекот, преминуваат во нивна активна форма. Со помош на ензимот реверзната транскриптаза, РНА молекулата на вирусот се препишува во ХИВ ДНК молекула. Делувајќи на овој ензим, двете супстанци ја блокираат репликацијата (размножувањето) на ХИВ вирусот.
Исто така мора да се напомене дека овој лек, не лечи од ХИВ инфекции или СИДА, не ја намалува можноста да го пренесете вирусот на некој друг и се користи во комбинација со други лекови наменети за оваа состојба.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1