Жерар Депардје познатиот француски глумец пред некој ден и официјално стана Руски државјанин. Кога долета во Москва добредојде му посака лично Путин, а Депардје доби и стан од Русија.
Тој присуствуваше и на божиќната литургија и неколку пари се прекрстил со три прсти како вистински православец.
Тој сега е во Саранск во Мордовија каде му е понудена и куќа, му дарувале бројни подароци меѓу кои и традиционална носија и неколку пара Валкенки ( дебели чизми).
Депардје веднаш ја облече носијата и се фотографираше со пасошот и носијата.
Куќата која му ја понуди Путин е на околу 600 км од Москва но ако сака понудено му е и земјиште па самиот да си изгради куќа.
,, Се чуствувам како РУС не само поради пасошот и топлото добредојде кое ми го приредија туку затоа што откако знам за себе руската историја, уметност, култура ја доживував како дел од своето битие,, изјавил Депардје.