Шверцувале лук – заработиле 10 милиони евра


Двајца британски државјани се осомничени дека шверцувале лук, а од шверцот заработиле најмалку 10 милиони евра. Станува збор за приближно милион килограми бел лук за кои не биле платени царински давачки од околу 1,5 милиони евра, јави дописникот на МИА.

PRESERVINGПротив двајцата Британци е распишана потерница, при што се бара нивна екстрадиција во Шведска.

Белиот лук бил увезуван законски и без царина, од Кина во Норвешка. Потоа бил шверцуван понатаму преку Шведска на подрачјето на ЕУ, каде што има високи царнски давачки за увоз на бел лук.

– Станува збор за големи зделки, голем број товари со бел лук, вели обвинителот Томас Алстранд за шведскиот весник „Бохусленинген“.

Осомничените сторители се сопственици на претпријатие које е активно во Норвешка повеќе години.

За увоз на лук во ЕУ се плаќа царина од 9,6 проценти, или 1,2 евра за еден тон бел лук. Инаку, во Кина белиот лук се произведува евтино и во големи количества.

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1