Џиновска лигња од 8 метри е снимена од Tsunemi Kubodera на 900 метри длабочина крај местото Chichi.
Акцијата била заедничка на Националниот музеј на Јапонија и јапонската државна телевизија заедно со телевизијата Дискавери која ќе објави посебен документарец за ова.
За џиновската лигња се поврзани многу митови и легенди, дека со краците обвиткувала и потопувала бродови. Ова митолошко суштество се викало ,,Кракен,,. Никој досега не ја видел оваа џиновска лигња жива. Неколкуте примероци што се видени биле мртви кои испливале на брегот.