21 годишната Аманда Соренсен од Калифорнија на сила и дала на малата ќеркичка на нејзиното момче да јаде лута пиперка како казна.
Девојчето починало.
Полицијата дошла во станот по пријава дека детето се држи затворено и кога пристигнале го нашле малечкото девојче мртво.
Лекарите можеле само да констатираат смрт.
Обдукцијата се уште трае, но според лекарите големите количини на лута пиперка која жената и ја давала на девојчето е причина за смртта. Аманда признала дека детето се жалело на стомакот, но не повикала лекар.
Аманда е во притвор и ќе биде изведена пред истражен судија.