Брука: Ракометарите преживеаа хорор – бесни и измалтретирани пристигнаа во Севиља


Ракометарите уморни и бесни пристигнаа во Шпанија. И овој пат измалтретирани по автобуски станици и аеродроми.

makedonska-rakometna-reprezentacijaМакедонските ракометари патуваа 20 часа до Севиља. Тргнаа од Скопје за Софија, па оттаму со Wizzair летнаа за Рим, каде почнаа нивните авантури. Откако патувале 50 километри за да дојдат до вистинскиот аеродром, таму, нашите ракометари морале со часови да се расправаат со Ryanair бидејќи не им било дозволено да ги пренесат торбите кои според авиокомпанијата биле претешки, пишува прес 24.

Кога по неколку часа успеале да го решат овој конфликт и се качиле во авионот, не можеле ни да претпостават дека наместо во Севиља, ќе слетаат во Ревизо, каде уште неколку часа чекале за да летнат до Севиља.

Но, на нивните авантури навистина им нема крај! Откако конечно слетале во Севиља и мислеле дека хоророт завршил, сфатиле дека НИКОЈ не ги чека за да ги пренесе до хотелот, па почекале уште еден час за да добијат превоз.

Izvor – Press24

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1