Нова технологија наскоро ќе се појави во продажба во светот. Изумителите велат тоа е нов, безбеден начин но и ефикасен за да се изгубат килограмите.
Малку е чуден и контраверзен, не сме сигурни дека секој би сакал да го испроба. Зошто неговата технологија се заснова на директоно испумпување на храната од стомакот.
Aspire Bariatrics LLC, со седиште во Пенсилванија е во процес да го патентира производот AspireAssist – цевка која се става во стомакот и се вади содржината од него надвор.
На тој начин 30 насто од оброкот кои сте го изеле можете да го испумпате надвор. Дизајнерите тврдат дека со тоа се спречува апсорпција на прекумерни калории.
Во образложението зошто треба да го добијат патентот пишале и за пример на жена која имала 100 килограми а за 59 недели изгубила 40 килограми без никаква диета. По секој оброк пиела 1,5 литри вода и потоа со помош на цевка и шприц ја вадела полусварената храна од стомакот.
Сепак цевката велат можела да се запуши од одреден вид храна како карфиол, брокула, кинеска храна, грашак, чипс и бифтек.
Овој производ звучи бизарно и нездраво – сепак најдобро е да се држите до старата народна ,, без мака, нема наука,,