Најдобрите пријатели 17-годишните Милош Атанасковиќ и Јован Илиќ, Ѓорѓе Марјановиќ (16) и Марко Живковиќ (21), вчера беа пронајдени мртви во викендица во атар на српското село Својново.Тие се отруле од јаглен моноксид од агрегатот за струја кој го користеле во викендицата на таткото на Милош каде отишле да прават скара.
Последен пат ги виделе околу 18 часот во локалната продавничка каде купиле вино, ракија и месо.
Девојката на Милош раскажува за српските медиуми дека се допишувале на фејсбук во моментот на смртта. Одеднаш ми пиша срце се гушам не ми е добро и телефонот се исклучи. Го барав но не ми одговори. Мислев дека му се расипал елефонот или дека испил премногу, но утрото ја слушнав страшната вест,, вели Сања, девојката на Милош.
фото лево – таткото на Милош / фото десно собата каде што биле пронајдени момчињата
Таткото утредента се обидел да ги добие но неможел, и отишол да види зошто не се јавуваат.
,, Кога ја отворив вратата веднаш почнав да губам свест. На креветот лежеа Ѓорѓе и Марко. Од очите, носот и ушите им течеше крв, а очите им беа отворени. Малку подалеку на столицата во близина на печката беше Јован, на устата имаше пена. Покрај него седеше мојот Милош. Истрчав надвор и почнав да барам помош, но никој не ме слушаше. Изгубив свест, но пет минути подоцна успеав да и се јавам на жена ми и да и кажам да викне полиција, изјавил таткото Бојан.
Бол и тага во домовите на овие 4 момчиња. Лелеци и прашања зошто?
5 год девојче починало од страв откако ја видело вујната во костум на вештерка (Фото)
Ја убила 2 год ќерка на дечкото со лута пиперка (Видео/Фото)
Детето херој од Струга – 12 год Јован по 4 год се разбуди од кома