Една патничка на авиокомпанијата „Армавиа“ роди девојче на летот од Новосибирск кон Јереван. Жената неочекувано се породила во тоалетот на авионот.
Веднаш и помогнале стујардесите, а по слетувањето медицинскиот тим веднаш ги згрижил мајката и бебето и ги пренел во болница.
Новороденото девојче ќе го добие името Асмик, според една од стјуардесите кои помогнале да дојде на свет. Девојчето тежи 2.550 грама и и е долго 48 сантиметри.