Во јужниот дел на Лондон се урна хеликоптер, откако удрил во кран, јавија британските медиуми.
Леталото паднало на улица, а засега нема информации за жртви или број на повредени.
Противпожарната и итната служба излегле на терен, сообраќајот е блокиран, а очевидци велат дека густ чад се надвил над реката Темза.
Како што јавува Sky, во хеликоптерот бил само пилотот, а според непотврдени информации за време на падот од делови на кранот и хеликоптерот оштетени се два автомобила.
Не се знае дали во нив имало луѓе.
На Твитер се појавија фотографии од повеќе делови на Лондон, на кои се гледа густ чад, а некои тврдат дека хеликоптерот при падот, откако удрил во кранот, удрил и во зграда.
Макфакс